◊ ИСТОРИЈА
Во почетокот на 50 -тите години на генералната средба на Меѓународниот Студентски Сојуз се придава исклучително значење на патувањето, како една уникатна можност за превладување на предрасудите и градење на толерантност. Се
раѓа идејата за создавање на Меѓународна Конфедерација за Студентски Патувања /International Student Travel Confederation - ISTC/ која што веднаш после тоа и се формира.
Целта на новата организација е даа се создаде најдобри услови за патување на студентите , така што ќе ги поттикнат да го откриат светот со сите негови различни култури, етноси, обичаи и традиции.
ISTC е основоположник на идејата за создавање на Меѓународната Идентификациона Стидентска Карта/International Student Identity Card – ISIC/, а решението е донесено на Конференцијата на ISTC во 1967 година
◊ МИСИЈА
Мисијата на ISIC /International Student Identity Card/ е да го направи патувањето по светот возможно и достапно за студентите и младите луѓе , да го насочува запознавањето на нови држави и култури , и на тој начин да го стимулира разбирањето на младите во меѓународни рамки.
Конституција на ISIC Асоцијацијата
Веќе 35 години ISIC е единствениот меѓународно признат документ, за идентификација на студентите. ISIC е создадена за
да помогне на студентите со информации, бенифиции и привилегии од различни сфери на животот. Денес ISIC им нуди на студентите повеќе можности од кога и да е . Тоа ја прави незаменлива картичка која ја користат 4,5 милиони студенти годишно по целиот свет.ISIC постои во над 116 држави во светот. Партнери на ISIC, се различно институции и организации, министерствата на културата и образованието на многу држави. ISIC се издава и користи и под капата на УНЕСКО.
Во светот постојат многу компании кои што ја подржуваат ISIC преку специјалната трговска политика кон носителите на картичката. Затоа ISIC е клучен за еден специфишен пазарен сегмент : студентите и младите луѓе.
|