◊ Што е ITIC
Меѓународната идентификациона професорска карта (International Teacher Identity Card) е најшироко прифатен документ, со кој се докажува статусот на професор. Таа е пропусница за можностите и попустите кои ги добиваат сите професори низ светот.IТIC sе издава под покровителство на UNESCO
◊ НОСИТЕЛИТЕ НА IТIC КАТРТАТА ДОБИВААТ :
- ПОПУСТИ ЗА ПАТУВАЊЕ
· 30% попуст при патување со Македонски Железници
· Специјални цени за авионски и автобуски карти, попусти за престој во хостели и хотели, осигурување при патување.
- ПОПУСТИ ЗА ВО СТРАНСТВО
Со IТIC добивате попуст во над 30000 продажни места ширум светот .
Најчесто попустите можат да се користат во Музеи ,културни и историски знаменитости , галерии , кина , театри , ресторани , спортски натпревари и др. За повеќе информации посетете го делот , попусти во странство
- ПОПУСТИ ЗА ВО МАКЕДОНИЈА
Веќе постои мрежа од продажни места во Македонија, каде професорите се идентификуваат и ги користат сите попусти.
◊ КОЈ МОЖЕ ДА ЈА ИМА IТIC?
Професори од Факултети , Виши ,средни и основни училишта како и професори од сите приватни школи ширум Македонија .
Во Оваа категорија влегуваат и сите предавачи во наведените нивоа на образование кои имаат и договор за работа за една година
|
|